Откако неодамна се појави туберкулоза, маларија и шуга на автобуска станица во Брисел, недалеку од Евроспкиот парламент, одлучено е на истата повеќе да не запираат градските автобуси.
На оваа автобуска станица, како што пишува хрватскиот портал Трибун.хр подолго време „кампуваат“ емигранти.
Според пишувањето на белгискиот весник Let Lasste Nuus синдикатот на возачите на автобуси наредил да не се запира на постојката Брисел Норд поради епидемија на различни болести.
Имено, оваа постојка и нејзината околина ја користат илегални емигранти кои дошле во Европа.
– Дури и полицијата во овој дел се движи во двојки, при што носат маски и не излегуваат од автомобилите. Тоа покажува колку е овде нездраво, изјави Марсел Контерс, претседател на еден од синдикатите.
Синдикатите ја критикуваат неодлучноста на политичките власти:
– Мал или никаков напредок е постигнат во решавањето на проблемот и се продолжува исто. Последица на тоа е што ситуацијата од ден во ден се влошува и сигурноста на нашите возачи и клиенти во иднина ќе стане се помалку загарантирана, вели Контерс.
Герт Витерзел, шеф на синдикатот на АЦВ, потврди дека проблематичната станица ќе биде укината како последна станица и откри дека сите приватни автобуски компании кои ја користат истата ќе соопштат за ситуацијата.
Вработените од транспортната компанија Де Лијн со месеци се жалат на несигурноста и нехигиенските услови во и околу станицата Брисел Норд.
Портапролот на Де Лијн за весникот ГВА изјави дека компанијата за превоз била принудена да интервенира затоа што реонот на главниот град Брисел не го решил проблемот“.
Статија во белгискиот дневен весник Де Морген од минатиот месец наведува дека 57-годишниот возач на автобус Андреа Вандершрик изјавил дека „станицата станала едно големо сметиште“.
Различни хуманитарни организации на емигрантите им носат храна, вклучувајќи и достава со комбиња со дипломатски таблички кои доаѓаат од амбасадата на Чад, а кои дистрибуираат храна секој петок за емигрантите од таа земја.
Мнозинството емигранти на станицата потекнуваат од Еритреја, Судан и Етиопија, а нивна цел е да заминат во Велика Британија.