Минувачите снимија неверојатен настан во Индија. За слоновите се знае дека се интелигентни, но тие се и емотивни животни. Мајката слон одеше со своето слонче до изворот на вода, но се случи нешто страшно.

Слончето се сопна и падна во јамата. Се обиде да се искачи и да излезе, но не можеше, па почна да вика по мајка си. Мајката слон не знаеше што да прави, а малечкото продолжи да завива.

Прво се обиде да го зграби малиот слон со сурлата, но не успеа. Мама набргу се умори од влечење, па се сети да копа. Таа копаше и копаше низ тврдата земја околу јамата за да може слончето да излезе.

Наскоро се собраа многу луѓе, а штом некој се обиде да и пријде и да и помогне, таа стануваше агресивна во одбрана на младенчето. Слоницата почна да копа околу 20 часот вечерта и копаше цела ноќ до утрото.

Таа се умори што тоа го забележаа и луѓете кои ги повикаа чуварите кои донесоа камион со банани и го истресоа пред слоницата.

Додека слоницата јадеше, луѓето влегоа со опрема и копаа околу младенчето. Слоницата не сфати што се случува и кога заврши со бананите, се сврте и го виде ослободено младенчето.

На крајот, го поделија остатокот од бананите, уморни, но среќни што се заедно.