Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар на есенскиот партиски конгрес нема да се кандидира за претседател поради лошите резултати на минатомесечните избори за Европскиот Парламент, соопшти Партијата на модерниот центар (СМЦ).

Церар истакна дека ќе остане министер за надворешни работи, а оти СМЦ и понатаму ќе биде дел од владејачката коалиција, како и дека на новото раководство ќе му помага со цел партијата да остане значителен политички фактор.

За СМЦ гласаа само 1,6 отсто од граѓаните што не е доволно за освојување на еден од осумте словенечки мандати во ЕП.