Ова е налепницата залепена од пошта во Словенија на пратка испратена до Битола.

Нашинци во Словенија, сметаат дека ова се сменило по доаѓањето на Јанша на власт, бидејќи на пратките кои ги испраќале за Македонија за новогодишните и божикните празници, се лепеле налепници со Северна.

И така, испаѓа дека во овој момент, во Словенија повеќе се почитува нашето име отколку кај нас дома. Имено, забележливо е дека по првичното инсистирање на името Република Северна Македонија во говорите на власта и нејзините апологети, сега се почесто се употребува само „Северна Македонија“, што е обид на власта да наметне употреба на „Северна“ и при скратено и неофицијално именување на нашата земја.