Во изминатите 24 часа во Словенија, 14.718 тестови потврдија нови 2.045 новоинфицирани со коронавирусот и 25 смртни случаи.

Бројот на позитивни од тестираните е се уште многу висок – над 30 проценти, соопшти словенечката влада. Хоспитализирани се 1.160 пациенти со Ковид-19, од кои 191 пациент е на интензивна нега.