Медицинска сестра вработена во болницата во Јесенице е позитивна на коронавирусот, објавија словенечките здравствени власти.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, поради потврдениот случај земени се брисови од сите вработени во здравствената установа, која веднаш е затвора за редовните закажани прегледи и посети.
Директорот Миран Ремс за Словенечката информативна агенција (СТА) изјавил дека медицинската сестра не се заразила од пациент, туку најверојатно од дома, а на анкетата изјавила дека не и е комплетно јасно како го добила вирусот.
– Во текот на вообичаениот работен ден таа почувствува дека нешто не е во ред со нејзиното здравје. Отиде да и биде земен брис, кој покажа дека е заразена со коронавирусот, објасни Ремс.
Директорот им наредил на сите вработени да ја носат комплетната заштитна опрема со цел да се спречи евентуално ширење на вирусот.