Венко Филипче е убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија. Во време кога Филипче беше министер за здравство имаше низа скандали и злоупотреби во здравството а самиот Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека додека Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра.
-Со одлуката на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, поднесени се две обвиненија, но дали и зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија? Според членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што стои „Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што значи дека Филипче бил директно одговорен за истото. Дали Филипче знаел дека не се дава онколошка терапија и дека се крадела па дури и завршувала на црниот пазар во Косово? Зошто омилениот обвинител на СДС и ДУИ, Гаврил Бубевски, не покренува истрага против Филипче, иако Филипче самиот директно или индиректно, дозволил системски хаос и непочитување на шеесетина законски одредби., се наведува во соопштението.
Од партијата додаваат дека последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни.
-Судиите избрани во Струмица и Зајас наместо да обезбедат правда, тие опструираат предмети и го продлабочуваат клиентелизмот. Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС, со што предизвикуваат ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции. Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судството да е растоварено од политички влијанија. СДС останува синоним за криминал корупција и предавства, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.