Поради болест на судијката Совче Гаврилова Ефремова одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“ на СЈО, во кој е обвинет новинарот Драган Павловиќ-Латас.
Тој е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра, преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.
Последното рочиште за овој предмет беше одложено поради промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, што заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се товарат за затајување на данок.