101-годишна Французинка помисли дека германската канцеларка Ангела Меркел му е сопруга на францускиот претседател Емануел Макрон, а сето тоа го забележаа телевизиските камери.
За време на свеченоста во Париз по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна, на германската канцеларка Ангела Меркел ѝ се случи необична ситуација откако една 101-годишна Французинка помисли дека му е сопруга на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Господине Макрон, ова е неверојатно. Една мала обична жена како мене да се ракува со вас. Тоа е фантастично“, изјави очигледно возбудената госпоѓа после ракувањето со претседателот на Франција.
Потоа, симпатичната баба се сврти кон Ангела Меркел и ја запраша дали е таа госпоѓата Макрон, по што канцеларката одговори: „Јас сум канцеларката на Германија“, по што се обиде уште неколку пати да ѝ објасни која е таа.
„Неверојатно е што ова ѝ се случува на обична жена каква што сум јас. Ви благодарам“, одговори 101-годишната Французинка по што се фотографираше со Макрон и Меркел.