Хрватската пејачка и глумица Антонија Шола (39) одлучила покрај музика и глума да се занимава и со политика, пишуваат медиуми од регионот.

Пејачката која има пишувано песни за славни пејачи како Здравко Чолиќ, Оливер Драгоевиќ, Тоше Проевски, Нина Бадриќ и групата Црвена јабука, стана член на партијата Снага.

Влезот во политиката на атрактивната пејачка, медиумите во регионот го коментираат едноставно со зборовите „Хрватска добива најсекси политичарка на сите времиња“.