Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, под притисок поради корупциски скандал во неговото министерство, ќе биде преместен на друга позиција во владата, изјави синоќа претседателот на клубот на претставници на партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Давид Арахамиа, претседател на клубот на претставници на партијата Слуга на народот, рече дека Министерството за одбрана ќе го води Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка агенција ГРУ. Тој не прецизираше кога одлуката ќе биде формализирана.
„Војната диктира промени во кадровската политика“, напиша Арахамија на Телеграм.
„Времињата и околностите бараат зајакнување и прегрупирање. Ова се случува сега и ќе продолжи да се случува во иднина… Непријателот се подготвува за офанзива. Ние се подготвуваме да се одбраниме и да го вратиме она што е наше“.