Светскиот Македонски Конгрес денеска на прес-конференција повика на бојкот на референдумот на 30 септември.

Тодор Петров, претседател на СМК кажа дека на 28. Генерално собрание е формирано Координативно тело против референдумот и оти ги поддржале сите иницијативи за бојкот на референдумот и соработката и координацијата со нив. Кампањата ќе ја водат под слоганот „Бојкотирам значи не гласам“.

Очекува претседателот Ѓорге Иванов да го бојкотира референдумот, но и во своето обраќање во ОН да им каже на сите дека спогодбата е ништовна и неважечка, а во ОН да бидеме исто како и досега.

СМК, меѓу другото, поднеле кривични пријави против премиерот и министерот за надворешни работи, како и за 69-те пратеници во Собранието на РМ, кои гласаа за договорот со Грција. До Уставниот суд тие поднеле две иницијативи за поништување на референдумот и правилникот за одржување на референдумот, како и пријави до членовите на ДИК поради злоупотреба на службената должност.