Српскиот аналитичар Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасале кучиња скитници во Велика Иванча во близина на српскиот град Младениовац.
Како што пренесува Новости, во нападот на кучињата била повредена и неговата сопруга Олга (58), која се обидела да му помогне. Таа со Итна помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.
Како што претходно објави Блиц, три напуштени кучиња го нападнале на улица во Велика Иванча, а тој починал како последица од нападот на кучињата.
Лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Жртвата Радосављевиќ порано беше извршен директор на Медиа центарот.
Последна вест: Кучињата не се улични, туку миленици кои имаат сопственик
Трите кучиња кои денес искасаа маж кој подоцна почина, не се бездомни улични кучиња, туку кучиња со сопственик со јасни докази за сопственост, изјавија за Танјуг од Ветерина Београд.
Трите кучиња носеле ремчиња со ознаки на кои биле испишани телефонските броеви на нивните сопственици. Како што беше кажано во Ветерина Белград, три кучиња преку отворена капија во Велика Иванча излегле од дворот и нападнале маж и жена кои минувале.
Мажот искрварил до смрт набргу по нападот и починал на лице место, а телото е однесено на обдукција, додека сопругата е тешко повредена, соопшти претходно денеска Танјуг.
Како што рекоа за Танјуг, едно од кучињата е од расата Стафорд, едното е мешавина од Стафорд и питбул, а третото е мешавина од непознато потекло.
Сите три кучиња се во карантин во Ветерина Белград. Човекот кој почина е Владан Радосављевиќ (62), новинар и аналитичар од Белград.