Речиси 1.000 камиони и автобуси ќе ја блокираат бугарската претсолнина Софија кон крајот на следната седмица за време на самитот на високо ниво меѓу ЕУ и Западен Балкан. Бугарските превозници ќе протестираат против новите европски правила кои ја регулираат нивната дејност, а кои се изготвени по иодеја на францускиот претседател Макрон.

Протестот ќе започне на 17 мај во 12 часот кога ќе биде блокиран еден од влезовите во Софија. Инаку со самитот ќе раководи Доналд Туск, тука ќе биде и Жан Клод Јункер, а домаќин ќе биде Бојко Борисов.

Шпанскиот премиер Рахој веќе најави дека нема да присуствува на самитот поради присуството на Хашим Тачи како претставник на Косово.