Со 130 000 евра на скопјани, Шилегов ќе се рекламира колку е добар градоначалник

/ 04.03.2021

130.000 евра или 8 милони денари е договорот кој го склучил град Скопје за Подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на Градот Скопје со омилената агенција на власта ЊУ МОМЕНТ ЊУ ИДЕАС КОМПАНИ ДОО Скопје, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Договорот предвидува изработка на креативни решенија, закуп на рекламен простор на Билборди, ѕидови, светлечки реклами, автобуси и автобуски постојки како и закуп на простор на веб портали и социјални медиуми како фејсбук и гугл. И покрај законска забрана за медиумско рекламирање на општините власта продолжува да го изигрува законот и наместо на телевизиите сега Петре во предизборен налет со пари на Скопјани ќе го гледаме по билборди и залепен на автобуси. Во наредниот период со 130 000 евра преку социјалните медиуми агенцијата Њу момент ќе не убедива колку Шилегов и Град Скопје работат во интерес на граѓаните. Жителите на Скопје и на околината треба да очекуваат дека кога и да го отворат мобилниот на социјланата мережа Фејбук ќе им се појавува приказна за „работливиот” Шилегов и неговите мега проекти за Скопје кој досега никој не ги виде, велат од таму и додаваат:

„Инаку истата оваа агенција за владата на Заев ја работеше кампањата “Црвениот телефон” на ТВ Телма каде тогашта опозиција а денеска власт глумеше проесионално новинарство. Сопствениците на оваа агенција се поврзуваат и со членување во некои еколошки здруженија кои до 2017 година беа доста бучни околу загадувањето во Скопје. Скоро 4 години подоцна истите тие здруженија не ни споменуваат дека во Скопје има загадување. Што ќе ги убедува Скопјани оваа агенција за најлошиот градоначалник во историјата на Скопје останува да видиме“.


Од истата категорија