300 милиони евра, толку Владата мора да исплати како аванс и како пенали само за март и април, според Договор за непочнати автопати.
Почитувани, со 300 милиони евра, државата може целосно да купи терапија Трикафта за сите пациенти со цистична фиброза, и тоа непречено, непрекинато за рок од следните 10 години, пресмета Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако неполни 300.000 долари е годишно за еден болен, а во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза, значи само со парите, обврски по договорот од март до мај, за незапочната градба и без проект, со 300 милиони евра аванс и пенали, 10 години би се обезбедил лек за животозагрозувачка болест за 130 лица.
Ковачевски и неговиот шеф Груби треба убаво да пресметаат колку животи ставаат во опасност, но и колку доживотни робии има во овој грабеж и штета од стотици милиони евра?