По три дена расправа со 90 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ или „против“, Собранието ги изгласа измените на законот за минимална плата, која од 1 март ќе изнесува 18.000 денари.

Во првата година државата ќе го субвенционира зголемувањето на придонесите кај бизнисите што до сега не го користеле тоа. За пратениците од владејачкото мнозинство со ова законско решение ќе се подобри животниот стандард на околу 80 000 работници кои земаат минимална плата.

Пратениците од опозицијата, реагираа што не е прифатен нивниот амандман за скалесто зголемување на сите останати плати, бидејќи инфлацијата, како што рекоа, влијае на животниот стандард на сите работници.