Христијан МИЦКОСКИ
На 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата, за правдата и слободите.
127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ.
127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава.
Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат.
Токму затоа ги покануваме сите граѓани масовно да ни се приклучат на протест против мафијата, за правда и слобода.
Протестот ќе започне утре, на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ “Борис Трајковски”- општина Карпош и СЦ “Јане Сандански” – општина Аеродром, по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија.
Протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип, преку автопатот “Гоце Делчев”, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.
Време е за одговор. Од секој зависи!