Вевчанци и годинава се обидоа да ја продожат традицијата и со двојни маски, за заштита и карневалски, го почнаа карневалот, но полицијата го спречи дефилето.

Во моментов во Вевчани полицијата го растура карневалот.

Инспирацијата на вевчанци за карневалските маски најчесто е политиката, посебно годинашнава бурна политичка сцена во Македонија, како и настаните кои ја одбележаа годината во светов.

Претходно Општина Вевчани објави дека се откажува од организирање на концертите на 12 и 13 јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата. Но, како што велат, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага прославата на Свети Василиј.

https://www.facebook.com/watch/live/?v=1463027300569232&ref=watch_permalink&t=0

https://www.facebook.com/dokiDOKID/videos/10221288836602259/