Едно лице загина, а три се повредени кога минубус во раните утрински часови удри во посетители на концерт, на фестивалот „Пинк поп“, во Холандија, Дачњуз.

Концертот беше одржан во градот Ландграф, кој се наоѓа на југот во Холандија.

Полицијата соопшти дека возачот на комбетот, најверојатно „фиат добло“ побегнал од местото, а по него била организирана потера во која се вклучени и Белгија и Германија.

Според наводите на медиумите, кон присутните влетал „мал бел автобус“. Во моментов се разгледува дали станува збор за терористички напад.

„Пинк поп“ е фестивал што се одржува од 1970 година и е еден од најстарите и најпочитувани фестивали во Холандија.