Најмалку три лица загинаа, мешу кои и деветгодишно девојче, во земјотресот кој го погоди јапонскиот град Осака.

Земјотресот бил со јачина од 6,1 степени по Рихтер и го погодил подрачјето на Осака, околу 550 километри од Токио и други делови на западот од земјата. Во земјотресот смртно настрадале и две жени на возраст од 80 и 85 години., а повредени се околу 200 лица.

Земјотресот се случил околу 08 часот по локално време, а предизвикал прекин на електричната енергија и водоснабдувањето, како и голема материјална штета.

Ова е најсилниот земјотрес кој го погодил овој дел на Јапонија од 1923 година. Поради земјотресот, привремено се затворени аеродромите Кансаи и Кобе. Властите јавија дека нуклеарните реактори во регионот не биле оштетени и дека нема опасност од цунами.

„Објектите за нуклеарна енергија не се оштетени“, соопшти енергетската компанија „Кансаи електрик пауер“