Не неколку дена пред избори, медиумите на СДСМ се пуштени на „најјако“ во одбрана на неодбранливото. Во време кога Орце Ѓорѓиевски супериорно води пред Каја Шукова со огромни 4:1 „Слободен печат“ излегува со наводна „сторија“ дека Ѓорѓиевски дозволил дивоградби во Кисела Вода. Oва е само продолжение на неуспшниот обид на ИРЛ да ја вметне Кочанската трагедија во кампањата и да ја окаља власта, обид кој заврши неславно и премина во нивниот, СДС двор…, објави Курир.

Двата наводни случаи се директно и експресно демантирани од градоначалникот Ѓеорѓиевски и поткрепени со ВИДЕО од рушењето на наводно „оставените“ објекти, но тоа не е доволно за медиумот да не ја објави веста, која е пуштена како „бубачка“ по сите СДСМовски медиуми, играчки на Бихаќка кои БЕЗ ПАРДОН орно и со неизмерен елан ја прифатија играта.

Самиот медиум објавувач на прикаската по двета навода/стативи пишува:

„Денковски во меѓувреме ја завршил градбата, поставил фасада, застаклување и објектот го ставил во функција.

Орце Ѓорѓиевски, за „Слободен печат“ вели дека таквите обвинувања се дел од нападите врз него една недела пред изборите.

Тој посочи дека објектот на Денковски е урнат пред три месеца, а притоа приложи видео од неговото уривање како доказ.“ (ШТО ПОНАТАМУ)

Тонч број 2:

Во исто време, Општина Кисела Вода отвора јавна анкета за измена на ДУП-от во Драчево, токму во зоната каде се наоѓаат спорните градби. Во дописот, што општината го испратила до државниот инспекторат во март 2025 година, се наведува дека „ќе се направи пренамена на парцелите и ќе се утврди фактичката состојба на терен“, што индиректно ја потврдува намерата со новиот урбанистички план да се вметнат постојните градби.

Ѓорѓиевски, за „Слободен печат“ тврди дека тој не дозволил да се прифати прелогот да се смени ДУП-от и дека бесправно изградените објекти биле урнати, при што приложи видео како доказ.

На фотографија направена од исечоци од видеото, се гледа момент од рушењето – машина што урива еден од бетонските столбови. (ШТО ПОВЕЌЕ)

Има и повеќе. По ова манипулаторски продолжуваат со фотографии од друг објект, кој не е засегнатиот, туку е директно затворениот пазар, велелепен и мега-објект за населба Драчево и многу пошироко.

Ова е листата на „независни, професионални и објективни медиуми“ кои беспоговорно и во целост ја презедоа сторијат на Слободен печат:

Антропол, Рацин, Либертас, Независен…

Натамошен коментар, не е потребен…