Партијата која настојуваше да го легализираше бизнисот со марихуана (демек само за медицински цели) и која со сиот ум додека беше на власт сакаше да донесе Закон за мариухуана со натопорено ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ во Собранието, веќе два дена ламентира и кука како тоа 5 тони канабис минале низ Македонија и завршиле во Србија, пишува Курир во својата анализа.

Заборавија ли од СДС дека марихуаната е нивна бизнис измислица? Не им „текнува“ ли за тоните канабис кои во нивно време се наоѓаа во Грчец и Арачиново, а неофицијално потекнуваа од плантажите на Заевци? Заборавија ли дека семејството на нивниот вистински лидер и финансиер е до гуша заглавено и се длабоко навлезени во марихуана бизнисот, наводно само за медицински цели.

Сега, СДС и генералниот секретар кому никој не му го знае ни името се многу загрижени што во Србија била фатена марихуана, чин во кој е вмешан ко-сопственик со српско државјанство со плантажа во Македонија. Плантажа од времето на Заев.

„Во Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија, а меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма. За овој огромен, криминален, картелски скандал мора да има одговорност“, изјави потресениот генерален секретар на марихуано-творната партија.

Арно ама, како и секогаш – СДС не се виновни/криви за подметнатото кукавичјо јајце, исто како и за Францускиот предог, Законот за двојазичност, променетото име, устав, руинираното распупено правосудство, расчеречено модуларно здравство, економската катастрофа на две нозе и ред други дебакли.

На социјалните мрежи се шегуваат дека Вице, Трајче и братучедите биле многу загрижени од фактот што некој друг се дрзнал да буричка во бизнисот, уште повеќе што ајваните се фатени на дело. На големо се купувале карти за Дубаи. Не дека немаме договор за екстардиција, никако, сакале само туристички да го видат облакодерот на роднината. Велат, ќе престојувале во станчето на другарчето и лидер на СДС, кое било готово и со сите нишани, башка празно. По скандалот со рекетот врз Жан Митрев, можеби, и за кратко време и нема да биде така празно?

Извор: Курир