Американскиот претседател Џо Бајден се појави во јавноста за прв пат откако викендов објави дека се повлекува од претседателската трка.
Бајден се качи во претседателскиот авион, а потоа се упати назад кон Белата куќа.
Тој се качи во авионот држејќи ја маската во раце, а потоа се сврте, ги поздрави сите и влезе во леталото.
Претходно денеска беше потврдено дека Бајден бил негативен на корона вирусот.
Да потсетиме, на почетокот на минатата недела Белата куќа објави дека актуелниот претседател на САД е позитивен на корона вирус. Тој цело време престојуваше во неговата резиденција во Делавер.