Непознат сторител ноќеска околу 3 часот со секира усмртил две бездомни кучиња. Жителите од зградата број 70 на улица АВНИЈ во скопски Аеродром утрово ги дочека страотна слика. Локвите крв и безживотното тело на локалната миленичка кучката Гоца сведочеа дека ноќеска некој со секира ги бркал и во неколку наврати ги удирал додека не ги усмртил двете кучиња. Гоца на лице место починала од три силни удари со секира, а другото куче Макс на пат до ветеринар.
Жителите на зградата се шокирани од ваквото грозоморно убиство на две кучиња кој буквално со секира ги удирал и ги бркал кучињата за што зборуваат и локвите крв на неколку места околу зградата и на паркингот, како бегале животните и како ги стигал сторителот. Но ова не е прв пат таму некој да се пресметува со бездомните кучиња. Само пред три недели жителите кажуваат како во паркот пред зградата нашле четири отруени кучиња и само среќа спречило поголема катастрофа бидејќи каде што е фрлан отровот често си играат мали деца.
Ова не е прв случај на убиство на бездомни кучиња со секира. Ист ваков страотен случај имаше во Дебар маало пред две годин каде сторител кој со секира сред бел ден уби куче, бидејќи многу лаело, заработи казна од 800 евра. Од агенцијата за храна и ветеринарство за канал 5 потврдија дека ова е кривично дело – мачење, страдање и нехумано однесување со животни за кое ако се открие сторителот кривично ќе биде гонет а ќе заработи и дополнително казна од 3000 евра од агенција за храна и ветеринарство по законот за благо состојба на животните.