Украинска „Правда“ наведува дека отровите најверојатно ги внела во организмот преку нејзините оброци, бидејќи се затруле и неколку други членови на персоналот на ГУР.

Британските медиуми наведуваат дека се уште нема индикации кој стои зад труењето, ниту пак е разјаснето како е извршено, но доколку се потврди како намерно, труењето би било најсериозен напад врз член на семејство на истакнат член на Украинското воено раководство од почетокот на војната меѓу Украина и Русија на 24 февруари 2022 година.

Службата ГУР, на чело со Кирило Буданов, е значајно вклучена во тајните операции на Киев против Москва. Во Украина Буданов е претставен како задкулисниот мозок на воените операции против Русија, додека, според британските медиуми, тој е „најомразена личност“ во Русија.

Руските медиуми,пак, претходно објавија дека судот во Москва во април, во отсуство, го обвини Буданов за тероризам, на што тој кажа дека „ќе продолжи да убива Руси каде било во светот до целосната победа на Украина“.