Почитувани браќа и сестри, в недела на 21 март во 12 часот напладне Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“ и УМС на ВМРО-ДПМНЕ организираат мирен „Собир за Слобода“ во близина на затворот во Штип каде противуставно осудени лежат уставобранителите на Македонија, објави претседателот на Патриотскиот институт, Александар Пандов.
– Се собираме да им дадеме братска и другарска поддршка да истраат во битката за правда и слобода, а на оние кои ги затворија да им порачаме дека ќе одговараат за ова злодело, и за предавството. И за сите други. Нека овој собир биде почетокот на борбата до конечна слобода за Македонија и македонскиот народ. По сопствена волја, доколку сакате повелете в недела на мирен собир во 12 ч во близина на затворот во Штип. Да живее Слободата!- се вели во објавата на Пандов на Фејсбук.
Под објавата на Пандов се додадени хаштаговите #МакедонскаПролет #СлободаЗаУставобранителите #ДаЖивееРепубликаМакедонија