Во Собранието денеска ќе продолжи 106. седница на која на дневен ред е Предлог за избор на судија на Уставниот суд. За нов уставен судија е предложена Елизабета Дуковска.
На дневен ред на седницата се и избор на член на Државниот совет за престапништво, ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија со Украина, измени и дополнувања на Законот за Собранието, по скратена постапка, Предлог на закон за амнестија, по скратена постапка, дополнување на Законот за служба во Армијата, по скратена постапка, Предлог на закон за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата и измени и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, двата во прво читање.
На дневен ред се и Годишен извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2022 година; Барање за давање на автентично толкување на член 86 став (1) од Законот за управни спорови, поднесено од пратеникот Јован Митрески, Барање за давање на автентично толкување на член 1, 8 и член 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос, поднесено од пратеникот Хусни Исмаили, како и Барање за давање на автентично толкување на член 24 став (2) точка б) од Законот за административни службеници, поднесено од пратеникот Снежана Калеска Ванчева.