Во зградата на Собранието се присутни најголем дел од пратениците од овој собраниски состав, како и премиерот Зоран Заев чие присуство беше најавено на пленарното заседание.
Официјално никој не соопштува на што се должи доцнењето од час и половина на почетокот на продолжението на седницата. Неизвесно е дали на гласањето ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство односно 80 гласови од пратениците за пристапување кон уставни измени.
Во салата каде што се одржуваат пленарните седници на своите места веќе се пратениците од владејачката СДСМ и нивните коалициски парнтери, дел од пратениците на ДУИ, а надвор во ходникот пред салата се и дел од пратениците од опозицискаста ВМРО-ДПМНЕ.
Има информации дека пратениците од владејачката СДСМ се откажале од дискусиите. Петнаесет пратеници кои беа пријавени за збор, според информациите од Собрание биле повлечени и продолжението на седницата за уставни промени се очекува да продлжи со директно гласање.
За сега се уште не се знае дали обезбедено двотретинско мнозинство кое е потребно за уставни промени.
Седницата која требаше да почне во 12 часот е одложена за во 15 часот, но се уште е неизвесно дали денеска воопшто ќе се гласа.
Од Собранието официјално велат дека причина за одложување на почетокот на седницата е пратениците да се соберат во салата, но не се потврдува сеуште информацијата дали се во тек разговори меѓу пратениците или станува збор за нешто друго.
Она што официјално се знае е дека во собраниската зграда е присутен речиси целиот собраниски состав со исклучок на еден или двајца пратеници, вклучувјаќи ги и Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои беа ослободени од домашен притвор.
Во собраниската зграда е и лидерот на ДУИ, пратеникот Али Ахмети.
Исходот од денешната седница го очекуваат и бројни новинарски екипи, а зголемено е и присуството на припадници на полицијата во и надвор од објектот на Собранието.
Одредени медиуми шират шпекулации дека веќе било обезбедено двотретинско мнозинство, но за тоа нема никаква потврда.