Откажана е денешната седница на Собранието на Република Македонија што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав и досегашен собраниски спикер Талат Џафери.
Спикерот Џафери, поради семејни причини денеска нема да го закаже продолжението на конститутивната седница.
Тој, како што веќе објавивме, синоќа на неговиот профил на Фејсбук објави дека добил внук од ќерката и станал дедо.
– Благословени и пресреќни сме по вестта дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!
Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти, објави Џафери на Фејсбук.