Македонското Собрание денеска треба да одржи продолженија на 86. и на 90. седница, на кои на дневен ред пред пратениците е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Интерпелацијата е поднесена од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според кои, работата на Спасовски не ги оправда очекувањата на граѓаните на Македонија.
Единствена преостаната точка на 86. седница е токму одложуваната интерпелација за работата на министерот Спасовски.
На 90. седница, пак, треба да се расправа за Предлог- законот за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка, исто така, единствена точка на дневниот ред.