Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања попладнево го прифати со пет гласа „за“ и четири „против“ барањето за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, и му предлага на Собранието на Република Македонија да го одобри.
Пратениците од опозицијата повикаа на човечност и совест, и да не се постапи по барањето. Тие сметаат дека со тоа се врши одмазда врз пратеникот, бидејќи не гласал за уставните измени. Ова, како што беше посочено во расправата, е осми пат како се бара одземање имунитет на пратеник,
Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.