Пратениците денеска ја избраа Марина Димовска за генерална секретарка на Собранието на Македонија.
Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.
За заменик-генерален секретар на Собранието е избран Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.
Во рамки на седницата беа утврдени и оставките на досегашната генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски, кои на 1 јули поднеле оставки на своите функции.
Исто така, беа констатирани и оставките на Бобан Николовски и Синиша Стојановски од функциите пратеник.