Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи стотата седница.

На предложениот дневен ред засега се четири точки и тоа: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за заем за финансирање на Проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка. По скратена постапка се и измените и дополнувањата на Законот за пасишта.

Пратениците треба да расправаат и за Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2022 година.