Во македонското Собрание денеска треба да продолжи вториот состанок на Работната подгрупа за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција на кој треба да се доуреди предлог законот за амнестија.
Состанокот во понеделникот беше прекинат поради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27 април минатата година.
На состанокот на подгрупата присуствуваше и заменик-министерот за правда Оливер Ристески. Поради службени обврски отсуствуваа дел од членовите, рече претседавачот на групата пратеникот Зекир Рамчиловиќ.
Утвдениот предлог на законско решение на подгрупата потоа треба да биде проследен до Координативното тело кое го предводат потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски и Емилија Александрова од независната пратеничка група, а брои 25 членови меѓу кои потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ, и претставници на независните пратеници и партиите кои немаат пратенички групи.