Дописникот на „Гардијан“ од Унгарија, Дан Нолан го фотографираше Никола Груевски, поранешниот македонски премиер во Будимпешта и фотографијата ја сподели на Твитер со наслов „Те фатив“.

Ова е доказ дека Груевски се уште е во Унгарија и не е пребеган во друга држава како што шпекулираат дел од медиумите.

Екс премиерот доби унгарски азил, откако тамошните власти заклучија дека на Груевски му се врши политички прогон од власта во Македонија. Тој пред повеќе од месец дена замина за Унгарија откако судот му одреди затворска казна од две години за случајот „Мерцедес“.

Инаку, Гардијан има своја историјата во односите со Груевски. Така, пред неколку години во весникот се појави текст, базиран на разговор со Груевски кој тогаш беше премиер, а во чиј наслов се тврдеше дека тој е подготвен да го смени името на државата. Само ден подоцна, авторот на текстот кој во меѓувреме заминал за Атина, ни изјави дека Груевски такво нешто не кажал туку дека станува збор за конструкција и измислица на редакцијата во Лондон. Ете тоа е Гардијан, а тоа веројатно го објаснува и твитот „Те фатив“.