Во Собранието на Македонија за денеска е закажана седница на Комисијата за финансирање и буџет.
На дневен ред на Комисијата е Предлог-законот за задолжување со заем кај Европската банка за обнова и развој за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“.
Законот е по скратена постапка, во второ читање. А како што е познато, станува збор за проект на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој го најавува уште од почетокот на неговиот мандат, како трамвај со гумени тркала или брз автобуски превоз.