Пратениците Снежана Калеска-Ванчева и Мухамед Зеќири од СДСМ, Горан Мисовски и Соња Мираковска од НСДП, Реџеп Мемеди од БЕСА и Реџеил Исмаили од ДУИ до Собранието доставија предлог за дополнување на Законот за пратеници, со кој кога ќе се усвои на поранешниот премиер Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата.

– Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, гласи членот што пратениците го предлагаат како дополна на Законот.

Предлог законот за дополнување на Законот за пратениците, по скратена постапка е 27 точка на денешната собраниска седница.

Доколку се изгласа предлогот на шестмината пратеници, Груевски ќе ја загуби пратеничката плата, бидејќи е правосилно осуден на две години затвор за набавката на блиндираниот мерцедес во предметот на СЈО „Тенк“.

Груевски веќе неколку месеци е во Унгарија, каде од тамошните власти доби азил.