По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски и Гордана Сиљановска дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, дека македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени и дека НАТО е една од најдобрите работи што ѝ се случиле на Македонија, останува Мицкоски да признае и за неисполнување на реформската агенда за ЕУ, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Уште 13 дена остануваат до рокот што сам си го постави, а реформите за ЕУ не се завршени.
Мицкоски ја крие суштината. Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, нема продолжување на ЕУ интеграциите. Нема поместување од мртва точка. Нема отворање на следната фаза од преговорите, без разлика колку точки се исполенти.
Прашањето на малцинствата не е прашање на Бугарите, како Мицкоски и неговата банда што го претставуваат, туку на сите малцинства, вклучително и Хрватите.
Мицкоски самиот тврдеше дека има апсолутно мнозинство. Самиот велеше дека реформите ќе ги спроведе без СДСМ, дека Изборниот законик до 1 јуни ќе биде завршен. Самиот ја укина Техничката влада без консензус.
Сега нека не бара алиби од СДСМ.
Нека ги заврши реформите што ги вети. Нека ги исполни реформите до 1 јуни. Нека ги внесе малцинствата во Уставот и нека покаже дека навистина сака Македонија да продолжи кон ЕУ.
Или конечно Мицкоски треба да им признае на граѓаните дека внесувањето на малцинствата во уставот не е никаква закана за македонскиот национален идентитет туку Мицкоски не сака ЕУ затоа што се плаши од одговорност.
Доаѓа време на вистина, правда и одговорност.




