Дванаесетгодишно дете, штитеник од домот Ранка Милановиќ во Скопје исчезнало на 14 овој месец, а дури вчера случајот бил пријавен во полицијата.

Како што соопшти МВР, случајот вчера во полициската станица Гази Баба го пријавила социјална работничка од домот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на детето.