Американски федерален судија го прогласи за неуставен системот за општа медицинска заштита во САД популарно наречен Обамакер, и таа одлука веднаш ја поздрави актуелниот претседател Доналд Трамп.

Демократите најавија жалба.

Сојузниот судија во Тексас Рид О’Конор објави дека клучен дел од Обамакер е неуставен, а речиси сигурно е дека неговата одлука ќе се најде пред Врховниот суд.

– Како што и предвидував, Обамакер е урнат како НЕУСТАВНА катастрофа, објави Трамп на Твитер кој уште од капмањата вети уривање на клучниот закон донесен во 2010 година додека претседател беше Барак Обама.