Солари: Ние сме тука за да му помогнеме на Реал

/ 22.10.2018

Тренерот на младинскиот тим на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, најави дека е подготвен да го предводи главниот тим доколку за тоа одлучи раководството на „кралскиот клуб.

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека тренерот на Реал, Хулен Лопетеги може да биде разрешен.

-Ние сме професионалци и работиме за Реал Мадрид. Овде сме за да му помогнеме на клубот. И тоа мора да го направиме не само во добрите времиња, туку и во периоди на резултатски кризи, изјави Солари.

Реал по девет рунди во Ла Лига е на 7. Место со биланс четири победи, две нерешени средби и дури три порази.


Од истата категорија