Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за подготовките за натпреварот од 15. коло од Премиер лигата против Тотенхем.

– Работата што се спроведува овде е секогаш насочена кон подобрување на играта. Имаме премногу нерешени резултати, што според мене требаше да бидат победи. Овие два претстојни натпревари против Тотенхем и Манчестер сити ни даваат големи шанси да се докажеме. Имавме добри резултати против добрите тимови, а имаме план за утре вечер. Кога ќе го облечете дресот на нашиот клуб, не е важно со кого играте, мора да ја дадете целата своја сила. Секако, по неделата, фудбалерите беа малку разочарани, но сега сите размислуваат за утрешниот дуел.

Средбата Манчестер јунајтед – Тотенхем се игра утревечер со почеток во 20:30 часот, градското дерби на кое домаќин ќе биде Сити е закажано за 7 декември во 18:30 часот.