Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за подготовките за натпреварот во ФА Купот против Вулвс. Средбата ќе се одржи утре (15 јануари).

– Веројатно ќе го имаме истиот состав како и во претходното коло од Премиер лигата против Норвич. Баји тренираше зад затворени врати денес, па затоа е многу блиску до целосно закрепнување, но потребни се уште неколку дена. Рашфорд, Гринвуд и Марсијал вложуваат максимални напори за подобрување на нивната игра. Ние сакаме конзистентност и мислам дека ќе ја видиме нивната најдобра игра, затоа што тие се сè уште многу, многу млади.

Натпреварот Манчестер јунајтед се игра на „Олд Трафорд“ со почеток во 20:45 часот.