Ливерпул од 1990 година ја чека својата прва титула првак на Англија, а сезонава тргна фуриозно со осум победи по ред, најавувајќи дека ќе го прекине тридеценискиот пост.

„Црвените“ вечерва имаат сериозен испит на гостувањето кај ривалот Манчестер јунајтед, кој има лоши резултати и проблеми со повредени играчи. Менаџерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер, потсети дека неговиот клуб има две титули повеќе, а ја искористи приликата и да го „боцне“ Ливерпул.

– Сигурен сум дека во догледно време Јунајтед повторно ќе биде шампион, нема да чекаме 30 години. Добар резултат против Ливерпул може многу работи да промени и да влијае врз сезоната. Можеби на играчите им недостасува самодоверба, но ние сме Манчестер јунајтед, против секого одиме на три бода, изјави Норвежанецот.