Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше повеќе од среќен по победата од 3:0 против Брајтон. „Црвените ѓаволи“ го потврдија нивниот подем и се искачија на 5-то место во Премиер лигата, со ист број на поени со Вулверхемптон и на само 2 од Челси, кои имаат натпревар помалку.

– Момците одиграа исклучително добар натпревар. Првиот гол на Мејсон Гринвуд беше брилијантен. Мејсон е посебен талент. Имаме играчи од највисока класа и го додадовме Бруно Фернандеш, кој му се приклучи на тимот на неверојатен начин. Тој го донесе со себе менталитетот на победник, имено: 99% не е доволно добро, секогаш мора да даваш 100% од своите можности“. Довербата доаѓа со натпреварите и со чувството дека работите ги правите на вистински начин. За време на карантинот работевме многу напорно, рече Норвежанецот.

Тој го пофали и настапот на Пол Погба кој се истакна со асистенција.

– Добар натпревар за него исто така. Пол ја контролираше топката, ги организираше нападите, освои многу сингл-борби. Тој ќе настапува се посилно во иднина, убеден е Солскјер.