Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го пофали настапот на Давид Де Геа на реваншот од полуфиналето на Лига Европа против Рома.

Англискиот тим синоќа на гостувањето во Рим загуби со 3:2, но оди во финалето поради победата на свој терен со 6:2.

– Премногу често ја губевме топката во тешки ситуации, но за среќа имаме еден од најдобрите голмани во светот. Исто така го имаме и Кавани, напаѓач кој е желен да постигнува голови. За време на мечот имавме и подеми и падови. Второто полувреме не беше добро за нас, но стигнавме до финалето, изјави Солскјер.

Манчестер јунајтед во финалето во Лигата на Европа, каде ќе се сретне со Виљареал на 26 мај во Гдањск.