Најмалку шест лица загинаа во експлозија во Сомалија кога минибусот во кој се наоѓале наишол на бомба поставена покрај патот кај главниот град Могадишу.
Патниците, од кои повеќето биле членови на исто семејство, патувале на погреб во соседен град.
– Засега знаеме дека во експлозијата загинале шест лица, а повредени се повеќе … Бројот на загинатите би можел да се зголеми, рече претставник на локалната полиција.