Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, смета дека изразите на благодарност на поранешниот полски министер за надворешни работи и актуелен европратеник Радослав Сикорсики за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море може да се сфатат како официјално признание за терористички чин.
Претходно Сикорски објави твит во кој изрази одушевеност од хаваријата на подморските гасоводи со кои од Русија гасоводот се испорачува во Европа, притоа пишувајќи „благодарам САД“, без да прецизира штo точно подразбира со тоа.
Во подоцнежни објави во продолжение наведува дека немало гасоводот имал само логика рускиот претседател Владимир Путин да може „неказнето да ја уценува и да води војна“ во источна Европа, како и дека Украина и Балтичките земји 20 години се противеле на Северен тек.
„Сега 20 милијарди долари старо железо лежат на дното на морето, што е уште една цена за Русија за нејзината цена за криминалната одлука да ја нападне Украина“, додава Сикорски.
„Полскиот европратеник, поранешен министер за надворешни работи Радек Сикорски на Twitter им се заблагодари на САД за денешната хаварија на руските гасоводи. Дали ова е официјално признание за терористички чин?“, праша Захарова во нејзината објава на платформата Telegram.
Малку претходно шефицата на шведската дипломатија Ана Линд изјави дека инцидентот со истекувањето на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 се последици на експлозии.
„Истекувањето на гасот од гасоводите Северен тек 1 и 2 во ексклузивните економски зони на Данска и Шведска е резултат на експлозии, најверојатно предизвикани од саботата“, објави Линд на Twitter доцна ноќта во вторникот.
„Продолжуваме да собираме информации и не ги исклучуваме ниеден од моќните учесници и мотиви“, додаде министерката за надворешни работи на Шведска.
Претходно во вторникот Шведскиот сеизмографски институт соопшти дека биле регистрирани две подводни експлозии „веројатно предизвикани со детонации“ забележани се во близина на местото на истекување од гасоводите Северен тек 1 и 2 и се случиле кусо пред забележувањето на истекувањето.
Првата „голема емисија на енергија“ со магнитуда 1,9 забележана е ноќта од неделата кон понеделникот во 2,03 часот по локално време југоисточно од данскиот остров Борнхолм, а другата со магнитуда од 2,3 во 19,04 во понеделникот вечерта на североистокот од островот, изјави за шведската јавна телевизија STV, Петер Шмид, од Шведската национална сеизмографска мрежа.
„Толкуваме дека експлозиите најверојатно се предизвикаме од некоја форма на детонација. Со ослободување на толку голема енергија, не може да биде нешто друго туку експлозија којашто тоа го предизвикала. Ударите биле толку ненадејни“, вели Шмид сеизмолог од универзитетот во Упсала.
Независниот норвешки сеизмографски институт (Norsar) потврдил „помала експлозија“ во понеделникот рано утрото, и втора „посилна“ во понеделникот вечера. Без наведување некои податоци, се наведува дека се „верува дека биле намерни“.
„Тоа е голема експлозија. Тешко е да се оттргне од впечатокот дека тоа го сторил некој кој знае што прави“, изјавила за AFP директорката на Norsar, Ане Стремен Лике.
Три големи истекувања се регистрирани во понеделникот рано утрото во водите кај данскиот остров Бронхолм е видлива на површината со бранување на морето во радиус од 200 метри до километар.
Целиот текст што го објави Нетпрес може да го прочитате ТУКА.