Лондонската полиција соопшти дека го блокирала реонот околу улицата „Дунинг“ во Лондон, во која се наоѓа Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, поради пронајден „сомнителен пакет“.

– Специјалната полиција се наоѓа на местото на настанот, се наведува во кусото полициско соопштение објавено на Твитер.

Поради блокадата, сите пешаци и возила се насочуваат кон околните улици.